Аеродромите низ Европа во сериозни проблеми

19
Airplane Aircraft Travel Trip

Околу 200 аеродроми во Европа ќе се соочат со сериозни загуби во следните неколку месеци доколку бројот на патници не се зголеми до крајот на годината, сметаат од Европскиот совет на аеродроми, пренесува Ројтерс.

Се проценува дека се загрозени 193 аеродроми, наведувајќи дека таму се вработени 277.000 луѓе и имаат удел од 12,4 милијарди евра во вредност на бруто домашниот производ.

Најзагрозени се, како што се наведува, помалите аеродроми коишто имаат до пет милиони патници годишно и нивното затворање би имало огромни последици за вработените. Во опасност се и поголемите аеродроми бидејќи најголемите 20 во Европа имаат долгови од 16 милијарди евра, што е околу 60% од нивните годишни приходи.

Бројот на патници на аеродромите низ Европа е намален за 73% во однос на септември лани, а изгубени се околу 172,5 милиони патници поради пандемијата.

Фото: Freepik