Аеродромите во Скопје и Охрид во март опслужија 209.727 патници и 1.744 летови

26

Во март 2024 година, ТАВ Македонија, членка на Групацијата АДП, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром „Скопје“ и Aеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид опслужи 209.727 патници и 1.744 летови.

Бројот на опслужени патници во март ги надмина бројките од 2023 година за 14%, додека бројот на летови во март 2024 е за 12% поголем од март во 2023 година.

Од  31-ви март 2024, започна летниот распоред на летање на Меѓународниот Аеродром Скопје и ќе трае до 26-ти октомври 2024.

Со летниот ред на летање, одобрен од Агенцијата за цивилно воздухопловство, што стапува во сила денеска, на Меѓународниот Аеродром Скопје во летната сезона ќе има 59 дестинации управувани од 22 авиокомпании.

Дестинациите, авиокомпаниите и фреквенциите на летовите може да ги најдете на официјалната веб-страница на аеродромот.