Африка: Рециклирани пластични шишиња од млеко како материјал за асфалтирање на улици

172

Shisalanga Construction, компанија од Јужна Африка, прави асфалт за улици од рециклирани пластични шишиња од млеко. Тоа е прва компанија во земјата што прави асфалт којшто е делумно “пластичен“.

Досега фирмата има асфалтирано повеќе од 400 метри пат во близина на градот Дурбан. За потребите на патот искористени се речиси 40.000 рециклирани дволитарски пластични шишиња од млеко, пишува CNN.

Shisalanga во процесот користи полиетилен со висока густина (HDPE), тенка пластика што се користи за ваков вид на шишиња. Од нив, преку рециклирање се добиваат пелети коишто потоа се загреваат на 190 степени, додека не се стопат, па се додаваат адитиви. Една “доза“ на ваков асфалт има околу 118 до 128 шишиња.

Според компанијата, метеријалот е поцврст од вообичаениот асфалт, не пропушта вода и може да издржи температури од +70 степени до – 22, додека неговата трајност се проценува на 20 години.

Фото: Pixabay