Agazzi Pro – ранец што се отвора со отпечаток од прст

59

Италијанската компанија Agazzi Designs претстави ранец што се заклучува и отклучува преку отпечаток од прст. Благодарение на катанец со специјален детектор на отпечатоци ранецот може да го отвори само сопственикот.

Agazzi Pro е отпорен на вода и има капацитет од 23 литри. Доаѓа заедно со дел за лаптоп и 15 различни џебови. Ранецот има и ротирачки прерамки за на рамо и прилагодлив ремен за гради што овозможува полесно носење.

Катанецот се полни преку USB кабел, а за уште поголема безбедност Agazzi Pro има и челичен кабел на влечење што се користи за заклучување на сите делови од ранецот или за негово врзување.

Во вантрешноста се наоѓа и надворешна батерија (power bank) што овозможува полнење на уредите во ранецот додека корисникот се движи. Батеријата може да се користи и како светло за полесно пребарување, а помага и за поголема видливост ноќе.

Фото: Kickstarter