Агенциите за вработување на Македонија и Црна Гора ќе потпишат меморандум за соработка

22

Агенцијата за вработување на Република Македонија и Заводот за вработување на Црна Гора денеска во Скопје ќе потпишат договор за соработка. Од македонска страна договорот ќе го потпише директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, а од црногорска страна директорката на Заводот за вработување, Вукица Јелиќ.
На потпишувањето најавено е присуство и на црногорскиот амбасадор во земјава, Душан Мрдов.