Агрокуманово ја заврши 2015 година со загуба од 6,2 милиони денари

64

agrokumanovo

Акционерското друштво Агрокуманово на крајот на 2015 година прикажа загуба од 6.234.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период во 2014 година, компанијата оствари загуба од 14.285.000 денари.

Од први јануари до 31-ви декември минатата година, вкупните приходи од продажба беа на ниво од 14.628.000 денари, додека една година претходно достигнаа 186.362.000 денари.

Агрокуманово се занимава со трговија на големо со метални садови, цевки, уреди и опрема за водовод и централно греење, трговија на мало со моторни горива и мазива во специјализирани продавници, трговија на мало во неспрецијализирани продавници претежно со пијалак, храна и тутун, услужни дејности поврзани со копнен превоз.