Компанијата Агрокуманово од јануари до септември оваа година оствари добивка од 5.811.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Истиот период лани, компанијата прикажа загуба од 828.000 денари.
“Приходите во висина од 15.334.000 денари се остварени од продажба на сопствен деловен простор и други основни средства, од редовна наплата на закупнини, услугите за паркинг, вага и продажба на други стоки, како и од поефикасна наплата на побарувањата од купувачи“, стои во Образложението на деветмесечното известување за 2016 година.
Вкупните приходи од продажба во пресметковниот период беа на ниво од 6.990.000 денари, додека истиот период лани достигнаа 11.948.000 денари.
Основна дејност на Агрокуманово е трговија на големо со метални садови, цевки, уреди и опрема за водовод и централно греење, трговија на мало со моторни горива и мазива во специјализирани продавници, трговија на мало во неспецијализирани продавници претежно со пијалак, храна и тутун, услужни дејности поврзани со копнен превоз.