Агромеханика за девет месеци работеше со добивка од 54,2 милиони денари

13

agromehanika-300x119

Компанијата Агромеханика за деветте месеци од оваа година работеше со вкупна сеопфатна добивка од 54.200.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во период од први јануари до 30-ти септември 2015 година, компанијата оствари добивка од 3.323.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во пресметковниот период од 2016-та година изнесуваат 62.068.000 денари, додека во деветте месеци од претходната година приходите од продажба достигнуваат 8.977.000 денари.

Компанијата Агромеханика се занимава со издавање и управување со сопствен недвижен имот или недвижен имот земен под закуп.