Агроплод од Ресен прокнижи 2,5 милиони денари во 2016 година

agroplod

Агроплод од Ресен, во период од први јануари до 31-ви декември лани, евидентираше добивка од 2.513.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на претходната година, компанијата прикажа добивка од 17.208.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 31-ви декември 2016 година, достигнаа вредност од 25.805.000 денари, додека една година претходно беа на ниво од 5.135.000 денари.

Основна дејност на компанијата е одгледување на јаболчесто и коскесто овошје, како и угостителство и туризам.