Агроплод од Ресен во текот на деветте месеци од оваа година работеше со загуба од 3.775.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Од јануари до септември минатата година, Агроплод прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 22.337.000 денари.
Приходите од продажба во периодот од јануари до септември оваа година изнесуваат 276.000 денари. Истиот период лани, приходите од продажба имаа вредност од 3.476.000 денари.
Основна дејност на Агроплод е одгледување јаболчесто и коскесто овошје, како и угостителство и туризам.