Агроплод од Ресен за девет месеци прокнижи загуба од 3,7 милиони денари

25

agroplod

Агроплод од Ресен во текот на деветте месеци од оваа година работеше со загуба од 3.775.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Од јануари до септември минатата година, Агроплод прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 22.337.000 денари.

Приходите од продажба во периодот од јануари до септември оваа година изнесуваат 276.000 денари. Истиот период лани, приходите од продажба имаа вредност од 3.476.000 денари.

Основна дејност на Агроплод е одгледување јаболчесто и коскесто овошје, како и угостителство и туризам.