Агротиквешија бара плус 2 денари од килограм грозје

17

Регионалниот сојуз на лозари Агротиквешија достави барање до државата за добивање на поддршка за два денари на секој килограм грозје предадено на македонските винарски визби.
Причината за доставувањето на ова барање е недоволно високата цена за откуп на грозјето, вели претседателот на сојузот на Агротиквешија, Љупчо Аризанов.
“Годинава грозјето достигна повисока цена, но таа не е реална колку што треба да биде, поради зголемените производни трошоци. Затоа бараме од државата повторно да ни помогне на нас лозарите со дополнителна стимулација”, рече Аризанов.