Тестираното млеко и млечните продукти произведени во Македонија, кои се во продажба, се безбедни за употреба. Ова вчера го соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) откако беа испитани над 20 земени примероци.
Од денес ќе почнат да се проверуваат мостри од млеко на уште 15 производи за да се испита дали содржат афлатоксин.
“Нивото е секаде под максимално дозволената концентрација од 0,05 микрограми на килограм”, рече директор на АХВ Дејан Рунтевски.
Тој изјави дека домашното производство е под постојан мониторинг на Агенцијата, апелирајќи до граѓаните дека слободно можат да го конзумираат домашното млеко. Рунтевски посочи дека во текот на целата година се земаат одредени мостри кои ја гарантираат исправноста на млекото.
Досега испитани се примиероци од млекото на следниве производители: Битолска млекара, Здравје Радово, Алпи од Тетово, Идеал Шипка, Бучен Козјак и на струмичките млекари.