АХВ: Реализација на проектот за едукација на операторите со храна за ефикасноста на GS1 Каталогот

18

GS1 Македонија во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), почна со реализација на проект за едукација на операторите со храна од земјава за ефикасноста на GS1 Каталогот, како бизнис алатка за промоција на македонските производи и основа за зголемување на нивната конкурентност.

Во рамки на едукативните работилници, операторите ќе се запознаат со важноста на Каталогот, особено со неговото усогласување со новиот Правилник за информациите поврзани со храната и ЕУ регулативата 1169/2011.

По минатонеделната работилница која GS1 и Агенцијата за храна и ветеринарство ја одржаа во Тетово за операторите со храна од Полошкиот регион, утре во Охрид, ќе се запознаат со одредбите од новиот Правилник за информациите поврзани со храната, за обврските на операторите кои се однесуваат на означувањето на алергените, на додатоците во храната, за дополнителните и задолжителните информации за храната од животинско потекло.

Со утрешната работилница ќе бидат опфатени операторите со храна од Охрид, Струга, Кичево и Дебар.