АХВ – Се повлекува природна минерална вода, не е безбедна за пиење

8962

Aгенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека  се отповикува следниот производ:

  • Негазирана природна минерална вода ,,МИРОС,, во пакувања од 1,5 литар, 0,5  и 0,33 литри

Рок на употреба:   до 30.08.2024 година

Причина за отповикување:-небезбеден производ поради  микробилошка неисправност   и  ризик по здравјето на луѓето. Водата не одговара на условите од Правилникот за посебните барања за безбедност на  природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода („Службен весник на Република Македонија“ бр. 184/18)

Производител:  СИЛКА ГРУП-  Урошевац (Феризај), Република Косово
Увозник во РСМ:  АЛМАКО АРБ ДООЕЛ
Дистрибутер во РСМ:  АЛМАКО АРБ ДООЕЛ