АХВ вклучена во контрола на органските производи

3

Надзор на преработката и прометот на органските и производите во преод од страна на инспекторите за храна и официјалните ветеринари, постапувајќи по базичниот Закон за безбедност на храната и по законите за органско земјоделско производство и за заштита на потрошувачите, и врз основа на подзаконските акти кои произлегуваат од нив, а се однесуваат на органското производство се основите на надлежноста на Агенцијата за храна и ветеринарство во контролата на органските производи.

На работилницата, посветена на предизвиците и пречките со кои се соочуваат македонските производители на органска храна, принципот на сертифицирање, стандардите, политиките и мерките за поддршка, којашто викендов се одржа во Велес во организација на Здружението на агроновинари на РМ, Медиа плус со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка и Програмата ИМЕ, Маја Лукарева, советник во Агенцијата за храна и ветеринарство ги објасни деталите за спроведување на контролите кои произлегуваат од законите по кои постапува Агенцијата. Детално беа презентирани и резултатите од спроведувањето на програмите за мониторинг на безбедноста на храната и резултатите од мониторирањето на органските производи.

На работилницата, учество земаа професори од Факултетот за земјоделски науки и храна, експерти од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и од Швајцарија.

Реализирани беа и теренски посети на продавницата за органска храна Биокулт во Скопје, во Мустафино на земјоделското стопанство Липа кое произведува органски грав и на расадникот за цвеќе и зачински и лековити билки – Китка, чие производство исто така е подржано од Програмата ИМЕ.