Српската национална авиокомпанија Air Serbia објави конкурс за вработување на пилоти. Пријавите ќе одат исклучиво преку интернет страната на авиокомпанијата, а конкурсот е отворен и за странски државјани, пишува еКапија.
Ова е втор официјален конкурс на Air Serbia за вработување на пилоти. На претходниот во август минатата година се пријавија скоро 700 кандидати.