Airbnb нуди ноќевање на Кинескиот ѕид под отворено небо

80

Сервисот за патувања Airbnb во своето портфолио на понуди вклучи и ноќевање под отворено, небо на Кинескиот ѕид, пишува New Atlas. Станува збор за натпревар каде што победниците добиваат бесплатно и единствено искуство да поминат една вечер на една од најголемите светски атракции.

Четворицата среќници со нивните придружби ќе можат да отседнат во највисоката кула на Кинескиот ѕид близу Пекинг. Нема покрив, па од Airbnb се надеваат на убаво време. Кулата ќе биде опремена со удобен брачен кревет, осветлување, столчиња и маса и секако бања.

Во престојот е вклучено вечера, класична музика, лекции по Кинеска калиграфија (декоративно пишување), прошетка на зајдисонце и часови по изработка на марки.

Натпреварот е отворен до 11-ти август, а тие што сакаат да учествуваат треба да напишат нешто за себе на веб страната на Airbnb и да одговорат на две прашања во врска со различните култури и нивното поврзување.

Фото Airbnb