Airbnb размислува да воведе плаќања за сместување во криптовалути

81

Извршниот директор на Airbnb Брајан Чески неодамна објави на својот Твитер профил дека плаќањето во криптовалути за резервации за сместување е едно од главните барања оваа година.

На 3 јануари, Чески ги замоли своите следбеници на Твитер да му дадат предлози во врска со платформата Airbnb, и тој заклучи дека најпопуларното барање е очигледно плаќањето во криптовалути. Голем број следбеници гласаа за јасно истакнување на цената, програма за лојалност за редовните гости, истакнување на нови цени за одржување на сместувањето и подобра поддршка на клиентите.

Чески рече дека биле разгледани и идеи поврзани со различни токени и многу е веројатно дека во иднина плаќањето за сместување во Airbnb нема да биде ограничено на еден или два токени.

Airbnb моментално прифаќа плаќања со Visa, MasterCard и Apple Pay, Google Pay или PayPal. Чески изјави за Fox Business во септември дека Airbnb добила многу барања за плаќања со криптовалути. „Добиваме многу барања. Ги примам со години и сè уште немам што да објавам“, рече тој во таа прилика.