Airbnb со нови правила за новогодишните празници

34

Airbnb воспостави нови правила за изнајмување на сместување за новогодишните празници оваа година, во обид да ги ограничи забавите и големите собири што можат да го шират коронавирусот.

Компанијата со седиште во Сан Франциско објави план за ограничување на закупите во САД, Велика Британија, Канада, Мексико, Австралија, Франција и Шпанија. Според нивните услови, гостите кои немаат историја на позитивни оценки на нивниот профил на Airbnb, ќе мораат да резервираат најмалку две ноќи за било кој престој, вклучително и 31 декември, а сите гости со резервации на 31 декември мора да се обврзат според законски обврски дека нема да организираат забави.

Покрај тоа, Airbnb најави дека ќе работи на намалување на ризиците од собири и забави користејќи технологија што ги ограничува локалните и last minute резервациите без историја на позитивни оценки на Airbnb.

Сепак, Airbnb рече дека нема да откаже какви било резервации направени пред денот на донесување на новата одлука.

Компанијата презеде слични мерки за време на викендот за Ноќта на вештерките во Соединетите држави и Канада, кои според Airbnb поминале успешно.

Во август, компанијата воведе глобална забрана за забави за имоти од која било големина.

Фото: Pixabay