Airbus го симна Boeing од тронот

41

Американскиот производител на авиони, Boeing се соочи со голем број проблеми минатата година, како приземјувањето на неговиот најпродаван авион Мах 737, по две фатални несреќи.

Од друга страна, европскиот производител на авиони Airbus испорача рекорден број авиони во декември, надминувајќи ја својата цел за 2019 година. Airbus го зазеде првото место на светот во производството на авиони од американскиот конкурент Boeing. Ова е првпат од 2011 година Airbus да го престигне Boeing при продажба на авиони. Airbus испорача 863 авиони во текот на 2019 година, што е за 7,8% повеќе од 2018 година кога испорача 800 авиони.

Вработените во Airbus обично не работат за време на Божиќните и новогодишните празници. Но, оваа година компанијата повика голем број работници да ги откажат одморите за да ги завршат авионите што чекаат на испорака. Од компанијата Airbus не ги ги коментираат овие информации, кои мора да ја поминат контролата пред да бидат објавени.

Фото: Pexels