Airbus има зголемен број нарачки во првиот квартал

22

Европскиот производител на авиони, Airbus прикажа благ пораст на испораката на авиони во првото тримесечје од оваа година, благодарение на неочекуваниот скок во март.

Компанијата во првите три месеци од оваа година испорача 125 авиони, а во истиот период лани испорача 122 авиони. Само во март оваа година, Airbus испорача 72 авиони, што е многу повеќе од очекуваното.

Аналитичарите проценуваат дека компанијата благодарение на неочекуваниот скок на испораките во март би можела да ја оствари посакуваната цел за оваа година да испорача 566 авиони, како и минатата 2020 година. Интерните проценки на компанијата се на повеќе од 600 авиони.

Пандемијата тешко ја погоди авиоиндустријата, а со тоа и производителите на авиони. Airbus и неговиот американски конкурент, Boeing, беа принудени да го намалат производството и да отпуштат голем број работници.

Фото: Pexels