Airbus најави реорганизација на производството на авиони

28

Европскиот авио концерн, Airbus најави голема реорганизација на производството на авиони во Германија и Франција, издвојувајќи го производството на делови за трупот како основен дел од работата на групацијата.

Реорганизацијата ќе вклучува и основање на нови компании во Германија и Франција во целосна сопственост на Airbus поради оптимизирање на процесите на производство и креирање нова индустриска структура.

Реорганизацијата започнува на почетокот на следната година, а Airbus го претставил својот план пред социјалните партнери.

Фото: Pexels