Airbus планира да укине 15.000 работни места

30

Европскиот производител на авиони, Airbus планира да укине 15.000 работни места поради тешката финансиска ситуација предизвикана од пандемијата, јавуваат светските медиуми.

Најголем дел од работните места се очекува да бидат укинати во Франција и Германија, по 5.000, а во Велика Британија 1.700, околу 900 во Шпанија и остатокот отпаѓа на други земји.

Менаџментот на Airbus веќе започна преговори со синдикатите и очекува да биде постигнат договор до есен оваа година, а до следното лето да биде спроведен планот за укинување на 15.000 работни места.

Француското министерство за економија се спротивстави на овој план за укинување на 15.000 работни места, сметајќи дека тоа е премногу.

Airbus во првото тримесечје од оваа година прикажа загуба од 481 милион евра, а производството ќе биде намалено во следните две години за околу 40% поради пандемијата. Исто така, се очекува авиосообраќајот да се врати во форма дури во 2023 година.

Инаку, Airbus е работодавач на 135.000 луѓе, а 90.000 од нив се ангажирани за производство на делови за авиони.

Фото: Freepik