Airbus со 147% повисока оперативна добивка во првиот квартал

22

Европскиот производител на авиони, Airbus во првиот квартал од оваа година има поголема оперативна добивка за 147% на 694 милиони евра, предводена од зголемената продажба на комерцијални авиони и хеликоптери.

Приходите на компанијата се намалија за 2% во однос на истиот период лани на 10,46 милијарди евра, пренесува Ројтерс.

Airbus во првите три месеци има позитивен паричен тек од 1,2 милијарди евра, во споредба со негативното салдо од осум милијарди евра во истиот период во 2020 година, кога компанијата мораше да плати рекордна казна поради корупција во Велика Британија, Франција и САД.

Airbus планира да го зголеми производството на млазни авиони со среден домет, на 43 парчиња месечно во третиот квартал и на 45 во четвртиот од моменталните 40 единици месечно.

Акциите на Airbus се зголемија за 2,8% по објавата на каварталниот извештај.

Фото: Pexels