Акции со коишто најмногу се тргуваше неделава

85

Акциите на Комерцијална банка, Макошпед, Алкалоид, ТТК Банка и Гранит се најтргувани оваа недела, покажува неделниот преглед на Македонска берза, за периодот од шести до 10-ти јули.

Вкупниот промет оваа недела на берзата се позиционираше на 885.071 евро или 31,12% помалку во споредба со претходната недела. Кај вкупниот број на трансакции (211) е забележан пад од 7,46%.

Пазарната капитализација, во периодот од шести до 10-ти јули, изнесуваше 3.227.819.039 евра или 0,48% повеќе во споредба со претходната недела. Пазарната капитализација на затворање на тргувањето денеска имаше вредност од 1.751.406.545 евра, што е скок од 0,55% во однос на истиот период минатиот месец.

Индексот МБИ 10 се позиционираше на 4.155,02 поени или 0,62% повеќе во однос на минатата недела.

Фото: Freepik