Акциите на Алкалоид, Комерцијална банка и Прилепска пиварница најтргувани во август

19

berzanski podatoci

Акциите на Алкалоид, Комерцијална банка и Прилепска пиварница се трите најтргувани хартии од вредност на официјалниот пазар на Македонска берза во текот на август, покажува Месечниот статистички билтен.

Со 173 трансакции, акциите на Алкалоид учествуваа со 29,3% во вкупниот промет во тој период. Зад нив се хартиите од вредност на Комерцијална банка со 117 реализирани трансакции или 15,35% учество во вкупниот промет. На трето место се позиционираа акциите на Прилепска пиварница со вкупно 16 трансакции.

Најголем пораст во текот на август забележаа акциите на Макошпед со скок од 11%, потоа оние на НЛБ Тутунска банка Скопје со пораст на вредноста од 8,68%. Приоритетните акции на Стопанска банка Скопје во август забележаа пораст од 8,20%.

Според податоците, најголем пад на вредноста на акциите забележа РЖ КПОР Скопје чии хартии од вредност завршија 74,74% во минус. Пад од 69,05% е евидентиран кај акциите на Сковин од Скопје, додека вредноста на акциите на РЖ Уготур се намали за 30%.

Пазарната капитализација во август достигна 95.949.408.132 денари, што претставува пад од 0,13% во однос на претходниот месец. Кај прометот на Македонска берза е забележан пораст од 20,19%, па истиот се позиционираше на 143.969.838 денари. Во август на Берзата беа евидентирани 789 трансакции, што е пад од 13,20% во однос на претходиот месец. Индексот МБИ 10 беше 1.666,37 поени што е е зголемување од 0,49%.