Акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и НЛБ Банка најтргувани во јануари

22

berzaФото: Pexels

Според податоците на јануарскиот билтен, акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и НЛБ Банка се најтргувани на Македонската берза за изминатиот месец.

По нив, на листата следуваат акциите на УНИ банка, Охридска банка, Гранит, Макпетрол,  Стопанска банка Скопје, ТТК Банка и Фершпед.

Најголем пораст во текот на минатиот месец имале акциите на Славеј, Жито Лукс, РЖ Услуги, Тетекс и Макстил, додека најголем пад бележат акциите на Аутомакедонија, Технометал Вардар, Адинг, Пекабеско и Макошпед.