Акциите на НЛБ Тутунска и Комерцијална банка најтргувани во октомври

26

makedonska berza

Акциите на НЛБ Тутунска и Комерцијална банка, како и хартиите од вредност на Алкалоид се најтргувани акции во октомври, покажува месечниот статистички билтен на Македонска берза.

Со вкупно 140 трансакции и учество со 23,87% во вкупниот промет, акциите на НЛБ Тутунска банка се најтргувани акции во октомври. На второ место се хартиите од вредност на Комерцијална банка со вкупно 172 трансакции и 18,73% учество во вкупниот промет на берзата во октомври. Зад нив се хартиите од вредност на Алкалоид, од кои реализирани се 199 трансакции и зафаќаат 15,91% во вкупниот промет.

Акциите на ФЗЦ 11 Октомври Куманово забележаа најголем пораст во октомври – 83,33%. Потоа следат акциите на Охридска банка со скок на вредноста од 50,39% и на трето место се оние на Витаминка со пораст од 29,53%.

Најголем пад на вредноста на акциите во октомври забележаа акциите на Трготекстил – 32,21%. Хартиите од вредност на Арцелор Митал (ХРВ) паднаа за 23,08%, додека акциите на Централна кооперативна банка забележаа намалување од 2,44%.

Во текот на октомври, пазарната капитализација на Македонска берза изнесува 104.381.115.927 денари, што е зголемување од 7,13% во однос на претходниот месец. Прометот е во висина од 4.707.694.624 денари, а во истиот период реализирани се вкупно 1.428 трансакции.