Акциите на Охридска банка се исклучуваат од котација на Македонска берза

145

Одборот на директори на Македонската берза на седницата одржана на 04.08.2021 година донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од Охридска банка АД Скопје, поради престанок на  друштвото како резултат на извршена статусна промена – присоединување.

Акциите издадени од Охридска банка АД Скопје ќе бидат исклучени од котација на Официјалниот пазар на Берзата (Берзанска котација), почнувајќи од 05.08.2021 година (четврток).

Фото: Freepik