Акциите на РЖ КПОР се исклучуваат од котација на Берзата поради стечајна постапка

38

rz-kpor

Одборот на директори на Македонска берза донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од РЖ КПОР, стои во соопштението на Македонска берза.

Причина за исклучување на акциите е отворање на стечајна постапка врз компанијата.

Акциите на РЖ КПОР ќе бидат исклучени од котација на Официјалниот пазар на Македонска берза, почнувајќи од 24-ти овој месец.