Акциите на Технометал Вардар се исклучуваат од котација поради стечај

272

Акциите на Технометал Вардар АД Скопје, ќе бидат исклучени од котација на Македонска берза поради стечај на компанијата, соопштуваат од Македонска берза.

Акциите издадени од Технометал Вардар АД Скопје ќе бидат исклучени од котација на Официјалниот пазар на берзата (Берзанска котација), почнувајќи од 28.11.2019 година (четврток).