Акцијата Отворено со Катастарот продолжува

27

bitola3Агенцијата за катастар на недвижности продолжува со акцијата Отворено со Катастарот, која им помага на граѓаните да ги решаваат своите проблеми преку директни средби со стручните тимови на Агенцијата за катастар на недвижности.

Отворено со Катастарот денес продолжува во Битола каде стручните тимови на Катастарот до четврток ќе остваруваат средби со граѓаните, а од 29 до 31 јануари акцијата се сели во Охрид.

Акцијата ќе продолжи и во февруари, март, април и мај. Во февруари со стручните тимови на Агенцијата граѓаните ќе можат да се сретнат во скопските општини Карпош, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Гази Баба и Аеродром.

Во март стручните тимови на Агенцијата за катастар ќе бидат во Струга, Дебар, скопските општини Центар Чаир и Бутел, Струмица, Радовиш, Прилеп, Кавадарци, Неготино.

Во април планирано е средби да се одржат во Гевгелија, Валандово, Крива Паланка, Велес, Штип, Демир Хисар, Кочани, Виница и Ресен, Гостивар и Тетово. Во мај акцијата Отворено со Катастарот ќе биде заокружена во Берово и Делчево.