Акционер го тужи Илон Маск поради неговите твитови

64

Прашање на време беше кога некој ќе го тужи Илон Маск за твитовите коишто значително влијааат на цената на акциите на неговата компанија Теsla, но и на вредноста на одредени криптовалути.

За потсетување, Маск веќе направи слични работи, па во 2018 година беше принуден, во договор со Американската комисија за хартии од вредност, да плати казна, но и да вети дека повеќе нема да влијае на пазарот со своите твитови.

Ексцентричниот милијардер, од друга страна, продолжи да го прави тоа, како што велат упатените, им нанесе штета на милијарди долари на инвеститорите, како во случајот кога тој објави на Тwitter дека вредноста на Тesla е “нереално висока“ и предизвикала пад на вредноста на компанијата за повеќе од 13 милијарди долари.

Токму поради ова, еден од акционерите, Чејс Гери покрена тужба против Маск. Тој за однесувањето на Маск делумно ги обвинува управниот одбор и менаџментот на компанијата, бидејќи нивната неактивност предизвика финансиска штета на сите вклучени страни, вклучително и на акционерите.

Фото: Freepik