Собранието на акционери на компанијата за меѓународна и внатрешна шпедиција со јавни и царински складишта, Фершпед донесе одлука за исплата на дивиденда со дивиденден календар.
“Се одобрува исплата на дивиденда од акумулирана нераспределена оданочена добивка на друштвото од минати години во бруто износ од 8.966.650 денари“, стои во одлуката.
Дивидендата во бруто износ по акција ќе изнесува 550 денари.
Последен ден на тргување со право на дивиденда е 08.07.2020 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 09.07.2020 година. Датумот на евиденција според којшто се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда е 10.07.2020 година.
Дивидендата, како што се наведува, ќе се исплати во законски предвидениот рок, а најдоцна до 30.09.2020 година.
Собранието на акционери на компанијата, исто така, донесе одлука за распределба на добивката по годишна сметка за 2019 година.
“Добивката по оданочување за 2019 година во износ од 83.209.170 денари се распоредува на: нераспределена (акумулирана) добивка – 67.561.125 денари и награда на членови на органи на управување – 15.648.045 денари“, стои во одлуката.
Фото: Freepik