Акционерите на Оилко КДА ќе добијат дивиденда

67

Собранието на акционери на Оилко КДА донесе одлука за распоредување на добивката по годишна сметка за 2019 година.

“Тековната добивка за 2019 година во износ од 109.529.133 денари и акумулираната добивка од претходни години во износ од 19.096.640 денари, односно добивка во вкупен износ од 128.625.773 денари се распоредува на: дел за задолжителна општа резерва – 5.476.457 денари, дел за исплата на дивиденда – 62.058.100 денари и дел за посебни резерви за стекнување сопствени акции – 61.091.216 денари“, стои во одлуката.

Собранието на акционери на Оилко КДА, исто така, донесе одлука за плаќање на дивиденда по годишната сметка за 2019 година.

“На акционерите на Оилко КДА се одобрува плаќање на дивиденда во бруто износ во висина од 62.058.100 денари, односно бруто цена од 260 денари по акција“, стои во одлуката.

За датум на пресек на акционерската книга според која се определува листата на акционери кои имаат право на исплата на дивиденда се утврдува 21-ви јули оваа година. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 17-ти јули, додека прв ден на тргување без право на дивиденда се утврдува 20-ти јули. Исплатата на дивиденда ќе се изврши најдоцна до 30-ти септември оваа година.

Фото: Freepik