Акционерите на Прилепска пиварница ќе добијат дивиденда од ланската добивка

89

prilepska-pivarnica-logo

Собранието на акционери на Прилепска пиварница донесе одлука за распределба на добивката остварена по годишна сметка за 2016 година.

“Нето добивката остварена по годишната сметка за 2016 година во износ од 156.214.890 денари се распоредува на: дивиденда за акционерите на обични акции во бруто износ од 17.097.579 денари и 139.117.311 денари за дел од добивка за инвестиции (реинвестирана добивка)“, стои во одлуката.

На собранието на акционери, што се одржа на 29-ти мај оваа година, беше донесена и одлука за утврдување на датуми за исплата на дивиденда за 2016 година (дивиденден календар).

Дивидендата за 2016 година ќе биде 428,50 денари бруто за една акција. Последен датум на тргување со право на дивиденда за 2016 година е 14-ти јуни оваа година, додека прв датум на тргување без право на дивиденда е 15-ти јуни.

Датум на стекнување на право на дивиденда за 2016 година (датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда) е 19-ти јуни 2017 година.

Исплатата, како што се наведува, ќе биде најдоцна до 30.09.2017 година.