Акционерите на Тетекс ќе добијат дивиденда

46

teteks tetovo

Акционерското друштво Тетекс од Тетово донесе одлука за распоред на добивката по завршна сметка за 2015 година и нејзина употреба.

“Остварената добивка после оданочување на Тетекс АД Тетово за 2015 година од 47.148.975 денари се распоредува за следните намени: 2.357.449 денари – износ што се внесува во законски резерви на компанијата; 41.417.100 денари – износ што се исплатува во вид на дивиденда на иматели на акции; 2.239.576 денари – износ што се исплатува по договор за уредување на односите меѓу друштвото и генералниот директор и како нераспределена добивка остануваат уште 1.134.850 денари“, стои во одлуката, објавена на Македонска берза.

Висината на дивидендата бруто по акција ќе изнесува 3,231% од номиналната вредност, односно 100 денари бруто по акција, стои во одлуката за исплата на дивиденда и утврдување на дивиденден календар.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 14.04.2016 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 15.04.2016 година. Дата на стекнување на право на дивиденда е 19.04.2016 година.