Aкционерите на Tiffany го одобрија договорот со LVMH

61

Акционерите на Tiffany & Co. го одобрија договорот според кој оваа американска компанија за накит ќе биде под “капата“ на француската модна куќа LVMH за 15,8 милијарди долари, со што е ставен крај на спорот меѓу двата луксузни бренда што траеше повеќе од една година.

Повеќе од 99% од акционерите на Tiffany гласале на виртуелната вонредна седница, за договорот со KVMH, пренесува CNBC.

Компанијата LVMH, на чие чело е милијардерот Бернард Арно, ја даде првата понуда за преземање на крајот на минатата година, но Tiffany се откажа, откако се соочи со проблеми поради пандемијата.

Од друга страна, LVMH ја повлече понудата повикувајќи се на политичка интервенција на француската влада ја одложи реализацијата на трансакцијата до шест јануари, по што Tiffany во септември лани отвори судски спорт за да го натера LVMH да го испочитува договорот.

Двете компании во октомври постигнаа договор околу цената според кој LVMH за преземање ќе плати по 131,5 долари по акција, што е помалку од 135 долари колку што беше предвидено со првобитниот договор од 2019 година.

Се очекува трансакцијата да биде финализирана на почетокот на 2021 година.

Фото: Facebook