Aко одговорите правилно на овие три прашања, може да работите кај најбогатиот човек

79

Потребно е многу повеќе од импресивна биографија за да добиете работа во Amazon. Дури и во раните години, кога компанијата имала само 2.100 вработени, основачот и извршен директор Џеф Безос бил многу внимателен при вработувањето нови луѓе.

Безос во 1994 година во гаража отвори онлајн книжара, откако ја напуштил работата на Wall Street и се преселил во Сиетел. Неговата идеја му донесе милијарди и го направи најбогат човек на планетата.

Според Никола Ловџој, кој бил петтиот вработен во компанијата во 1995 година, Безос го интервјуирал секој кандидат.

Безос дури ги прашувал кандидатите што мислат за другите кандидати и нивните кратки биографии.

Еден од неговите главни принципи беше откако ќе вработи некој кандидат, од идниот да бара за нијанса повеќе со цел да го подобри нивото на таленти во компанијата.

“Неговото мото беше секојпат кога ќе вработиме некој, тој треба да го подигне нивото за наредното вработување“, изјави Ловџој во интервју за Wired во 1991 година.

Денес, со оглед на неговиот прилично густ распоред и брзиот раст на Amazon, тешко дека Безос има време да го интервјуира секој кандидат за вработување.

Но, за да се осигури дека компанијата ќе ги задржи своите високи стандарди, Безос навел три клучни прашања што лидерите треба да ги земат предвид пред да вработат нови луѓе, во писмо до акционерите кое им го испратил уште во 1998 година.

Иако се напишани пред повеќе од 20 години, станува збор за безвременски прашања за кои треба да размислат и менаџерите за вработување и кандидатите пред  интервју за работа.

1. Дали ќе ѝ се восхитувате на оваа личност?

Ако размислувате за луѓе на кои сте им се воодушевувале во вашиот живот, тие се луѓето од кои веројатно сте можеле да научите нешто или биле некаков пример за вас – пишува Безос во писмото, додавајќи дека тој секогаш се обидувал да работи само со луѓе на кои им се восхитува.

Совет за кандидатите: Сум интервјуирал стотици луѓе во текот на мојата кариера и постојано барам две восхитувачки карактеристики: интегритет и лидерство.

Карактеристиките ги наоѓам (доколку ги има) преку прашањето да го опишат периодот кога морале да се справат со тешка ситуација. Во суштина сакам да знам: дали користеле дипломатија и кои биле нивните намери? Дали може да им се верува? Што кажува процесот на размислување за нив како личност?

2. Дали ова лице ќе го подигне просечното ниво на ефективност на групата во која влегува?

Нивото мора постојано да оди нагоре, пишува Безос во писмото.

Проблемот е во тоа што може да биде тешко за менаџерите да кажат дали кандидатот, ако биде вработен, ќе има желба да расте во компанијата во наредните години.

Долгорочното размислување е основна вредност зацементирана во историјата на Аmazon уште од нашето основање.

Совет за кандидатите: Безос секогаш ги прашувал кандидатите каде ја гледаат компанијата по пет години.

“Во тој момент, секој од нас треба да погледне наоколу и да каже: Сега стандардите се толку високи и баш ми е мило што сум вработен во оваа компанија“, пишува Безос.

Пред интервјуто истражувајте ги вредностите на компанијата и бидете подготвени да разговарате за тоа како планирате да ги надминете очекувањата и целите додека компанијата расте.

3. По која димензија оваа личност може да биде суперѕвезда?

Покрај нивните вештини и искуства, Безос вели дека е важно да се земат предвид индивидуалните таленти на кандидатот.

Суперѕвездите-вработени можат да бидат радикални и малку бунтовни, но треба да ги имате во вашата компанија затоа што поттикнуваат иновативно размислување.

Совет за кандидатите: Дополнителните активности, необичните хобија и уникатните вештини што не се поврзани со вашата работа ви даваат предност и покажуваат дека можете да понудите различни перспективи. Ставете ги во биографијата и најдете начин како да ги споменете во текот на интервјуто.

Исто така, Безос предлага да раскажете приказни за тоа како успешно сте имплементирале креативно решение за некој проблем или за тоа како сте придонеле за културата на компанијата на начин што помогнал работното место да биде позабавно и поинтересно.

Фото: Freepik