Ако сте премногу фин лидер, имате проблем!

30

kral

Фото: Pixabay

Без разлика колку сакате да бидете фин претпоставен, кога станува збор за решавање на бизнис ситуации и неефикасното работење на вработените, тогаш треба да бидете цврсти и одлучни. Да се биде премногу фин лидер всушност ќе ве повреди вас, ќе изгубите време и ресурси и најверојатно ќе и наштетите на репутацијата кај лојалните клиенти и кај работливите вработени. Дихотомијата да се биде љубезен лидер и оној што прави вистински одлуки може да биде трик за многу лидери. Но, постои начин да се балансираат тие двете, без да бидете ладен или робот.

Прочитајте ги следните сценарија и применете ги сугестиите следниот пат кога ќе се најдете себе си во ситуација кога треба да донесете одлука дали да бидете фин лидер или не.

Не задржувајте лош вработен

Доколку сте вработиле лош работник, тогаш не се трудете да го задржите. Ако новиот вработен е вистинска грешка, ни тренинзите нема да му помогнат да се соживее со улогата што му е наменета во компанијата. Треба да бидете одлучни и да му дадете отказ. Одбивајќи го искушението да се конфронтирате, само за да видите дали работите ќе се подобрат, нема да ви биде од корист. Ако согледате дека вработениот не одговора за соодветната работна позиција, комуницирајте отворено и немојте да бидете љубезен. Помогнете и на личноста да се трансформира некаде на друго место каде што ќе може да постигне успех. Справувајќи се со вработениот веднаш ќе ви помогне во продуктивноста и во вашата култура, што со текот на времето ќе привлече работници со слични вредности и убедувања.

Не давајте заеми

Кога сте премногу добар ќе си наштетите на себеси, а и на целата компанија. Ако сте фини со добавувачите што не ја извршиле доставата навремено, со колегите што не си ја извршуваат работата и со клиентите што одбиваат да платат, вие всушност дозволувате другите да ве искористат. Доколку давате заеми и дозволувате луѓето да се извлечат со тоа, вие го засадувате семето на презирот што со текот на времето ќе почне да се шири. Само замислете ја реакцијата на најталентираните, фокусирани и мотивирани вработени кои гледаат како им попуштате на колегите. Гневот и незадоволството ќе почне да се шири, моралот ќе опадне, а со тоа и целата работна атмосфера. Не треба да бидете сериозни за да ве почитуваат, туку треба да поставите одредени стандарди во компанијата и мора да бидете цврсти во барањето вработените да ги исполнуваат. Поставените правила ќе ви помогнат во ситуација кога ќе треба да преземете одредена акција. Нема повеќе одложувања и нема дебатирање.

Посветете време на интроспекција

Ако имате навика да бидете премногу фин со вработените, тогаш има шанса да си попуштате и на себеси. Интроспекција е моќна алатка на лидерството, но често забораваме да ја користиме. Кога ќе се прашате кое однесување ве задржува назад вас и целиот ваш тим, тогаш можете да поработите на лидерскиот стил и да го подобрите. Кога ќе им овозможите на вработените да ви ја кажат суровата вистина, без став од реперкусии, тогаш ќе добиете драгоцена перспектива и ќе можете да направите џиновски скок напред во зреењето како лидер.