Ако задоцни возот, патникот може да си ги врати парите

27

Властите во Србија со законски измени предвидуваат поголеми правата на патниците во случај на доцнење на возовите.

Доколку возот задоцни меѓу 60 и 119 минути, патникот може да си оствари поврат на парите во износ од 25%. Доколку доцнењето трае подолго од два часа, може да вратат 50% од парите за платен билет.

Компанијата Србија воз ќе има преоден период од две години за почеток на примена на овие законски измени.

Ова, како што наведуваат српските медиуми, е прва измена со којашто српското се ускладува со европското законодавство кога е во прашање железничкиот сообраќај.

Фото: Pexels