Албанија го укинува данокот на малите бизниси

24

businessMeeting

Малите и средни компании во Албанија коишто годишно остваруваат приходи до 50.000 долари ќе бидат ослободени од плаќање даноци, пишува Albeu.com.

Албанскиот премиер Еди Рама, исто така, најави дека во следните шест месеци ќе ги отстрани сите даночни инспектори, чија цел била целосна контрола на бизнисите во земјата.

Ова е дел од пакетот мерки на тамошната влада за фискални олеснувања, чија главна цел ќе биде поддршка на малите бизниси, коишто сочинуваат 85% од вкупниот број на компании во земјата.