Албанија од воена база создава туристичка атракција

1

ostrov sazan

Властите во Албанија донесоа одлука островот Сазан, којшто во времето на комунизмот бил воена база преполн со бункери и тунели, да го отвори за посетителите со надеж дека овој јадрански остров ќе прерасне во нова туристичка атракција, пишува Независне новине.

Овој мал остров, од само неколку квадратни километри, се наоѓа на влезот во Валонскиот залив во југозападниот дел на Албанија и е стратешка тока во Отранскиот канал којшто го одвојува Јадранското од Јонското море. Островот има бујна вегетација од борова шума, смокви и леандри, а е окружен со тиркизното сино море, што е еден од најубавите делови на Албанија.

Албанските власти сега настојуваат со помош на француски експерти да го трансформираат островот во туристичка атракција.