Двајца дизајнери и еден инженер од јапонското студио Synflux креираа иновативна линија на облека наречена Algorithmic Couture.
Станува збор парчиња скроени по мерка со цел да се избегне создавање на вишок ткаенина, а со тоа и отпад. Облеката е креирана со помош на вештачка интелигенција и 3D скенирање на телото од корисникот со што во целост се прилагодува на неговата линија.
За да не создаваат отпад дизајнерите ги прават парчињата облека по нарачка, односно не користат технологија за масовно производство. Според нив, на овој начин се заштедува енергија, пари и што е најважно се чува околината.
Algorithmic Couture е опишана како едноставна, комотна и одржлива линија на облека.
Фото: Synflux