Alibaba е казнета со 2,8 милијарди долари

103

Кинеските власти му изрекоа глоба од 18,2 милијарди јуани (2,78 милијарди американски долари) на кинескиот гигант за електронска трговија Alibaba за злоупотреба на доминацијата на пазарот, објавија кинеските медиуми.

Казната е резултат на истрагата против Alibaba во декември минатата година.

Владејачката Комунистичка партија ја засили контролата над најголемите кинески интернет компании и компании за онлајн трговија и ги предупреди да не ја користат својата доминација во овој сектор за да ја задушат конкуренцијата.

Државната агенција за регулирање на пазарот објави дека Alibaba ја злоупотребува својата доминантна позиција за ограничување на конкуренцијата во трговијата преку Интернет.

Alibaba е најголемата светска компанија за трговија преку Интернет во однос на продажба на стоки преку своите платформи.

Акциите на компанијата паднаа вчера за 2,16% на 223,31 долари по акција.