Alibaba и Guess промовираа паметно огледало што ја комбинира облеката

52

Модниот бренд Guess и најголeмата компанија за онлајн продажба Alibaba креираа систем со вештачка интелегенција, FashionAI, којшто користи компјутерска визија за да им помогне на клиентите да ја искомбинираат облеката додека купуваат, пишува Engadget.

“Паметното“ огледало ја препознава бојата, стилот и особините на парчето облека што клиентот го држи во рака (како на пр. маичка) и сугерира други елементи што ќе бидат добар додаток, вклучувајќи и облека што веќе е купена преку интернет.

Оваа технологија подрзабира дека секој производ во продавницата има Bluetooth, RFID и сензори за движење како би можеле автоматски да се прикажат на паметното огледало. Ако сака купувачот нешто да проба, едноставно треба да го одбере во огледалото и вработените веднаш го носат моделот до клиентот.

Целта на FashionAI  е да се скрати времето во соблекувалните, како и да се забрза работата на продавачите.

Овој концепт засега е инсталиран само во продавницата на кампусот на Политехничкиот универзитет во Хонг Конг. Меѓутоа демо верзијата ја има и во некои од шопинг сервисите на Alibaba.

Фото: Alizila