Alibaba инвестира 350 милиони долари во турски Trendyol

44

Кинескиот гигант за електронска трговија, Alibaba инвестира 350 милиони долари во турската подружница Trendyol, со што го зголеми уделот во компанијата на 86,5%.

Инвестицијата е дел од зголемување на капиталот во којшто Trendyol привлекол и други странски инвеститори, пренесува Daily Sabah.

Alibaba стана мнозински сопственик на онлајн платформата во 2018-та година. Минатата година Trendyol на европскиот пазар влезе преку интернет страница што опслужува 27 земји, вклучувајќи ги Италија, Шпанија и Велика Британија.

Фото: Facebook