Alibaba инвестира над 28 милијарди долари во cloud инфраструктура

39

Групацијата за електронска трговија, Alibaba планира да инвестира 28 милијарди долари за својата cloud инфраструктура во следните три години. Планот за оваа инвестиција е дел од трендот на компаниите за софтвери додека трае пандемијата во Кина, пренесува Reuters.

Овие 28 милијарди долари ќе бидат искористени за развој на технологија за cloud инфраструктура, како и оперативни системи, сервери и мрежно поврзување.

Alibaba покрива 46,4% од кинескиот пазар на cloud услуги во последното тримесечје од минатата година.

Фото: Facebook