Алибаба инвестираше четири милијарди долари во Lazada

43

10690063_10152947004075073_3206882557958611720_n

Фото: Facebook

Alibaba Group Holding  ќе инвестира уште две милијарди долари во компанијата за електронска трговија во Југоисточна Азија, Lazada Group и ќе стави свој претставник на чело на бизнисот, пишува CNBC.

Минатата година Alibaba го зголеми својот удел во фирмата со седиште во Сингапур од 51 на 83%, со дополнителни инвестиции од една милијарда долари. Гигантот за е-трговија доби контрола над Lazada во 2016 година со првична инвестиција од една милијарда долари. Со ова вкупната инвестиција на Alibaba во компанијата којашто има свои канцеларии во Индонезија, Малезија, Филипини, Тајланд и Виетнам и Сингапур, се зголеми на четири милијарди долари.

Еден од основачите на Alibaba Луси Пенг, ќе стане извршен директор на Lazada, заменувајќи го основачот Макс Битнер кој ќе биде префрлен во Alibaba како виш советник.

Југоисточна Азија е одличен пазар за оние кои се вклучени во е-трговијата, од причина што побарувачката за онлајн купување е огромна благодарение на големиот број на млади корисници на вакви услуги.